Јана е најплатената љубовница! Живеела во сиромаштија додека не го запознала - тој и дава најмалку 5.000 евра дневно, а еве ги нејзините „обврски“
Јана Орфева живеела во беда и сиромаштија, додека не станала љубовница...
Јана Орфева себеси се нарекува „најплатена љубовница“. Имено, зад скапите облеки кои ги носи и луксузните патувања на кои оди, се крие спонзор.
Имено, таа е љубовница на саудиски принц, а за тоа секојдневно на нејзината сметка легнува огромна сума на пари. Многу девојки сонуваат да најдат богат шеик, за да можат да уживаат во шармот на луксузот, а сонот на оваа украинска манекенка се остварил.
Јана три години ужива со богатиот принц, а освен што поради „титулата љубовница“ секојдневно добива по околу 5.000 евра, саудискиот мултимилионер и подарува луксузни патувања, брендирани чанти, чевли, гардероба, и скапи автомобили, пишува Дејли Стар.
Додека на социјалните мрежи споделува многу работи од приватниот живот, на нејзиниот Инстаграм профил се појави фотографија од специјално направен прстен „Граф“ кој чини околу 200.000 евра, што, како што пренесуваат странските медиуми, е ситница за еден принц.
Најчесто сама оди на платени патувања, додека понекогаш и се придружува и принцот.
Како што понатаму се наведува, оваа убавица ги искористила парите купувајќи луксузни станови во Киев и Москва, а нејзините пријатели ја опишуваат како добра, но разгалена девојка.
Исто така, Јана многу вложува во својот физички изглед кој е очигледен, а многумина коментираат дека тоа е единствената работа што ја има.
На рана возраст таа била само уште една обична девојка од една украинска провинција која си ја пробала среќата на натпревари за убавина. Иако денес го крие своето минато, вклучувајќи го и тоа како изгледала некогаш, старите фотографии покажаа колку Јана се променила.
Фото:Извор:Kurir.rs