Јанаки Митровски: Алфа маж пред сѐ и над сѐ е тој што се грижи за семејството, не крева рака на сопругата
Познатиот адвокат Јанаки Митровски е познат во јавноста по својот неверојатен професионализам, принципи, стил на облекување и секогаш е на страната на вистината. Неретко се случувало без пари да им помага на луѓето на кои им треба правен совет или да ги застапува на суд. Воопшто не се „стега“ да ги изрази своите ставови и скоро секогаш е насмеан.
Машки магазин започна серијал со неколку познати јавни личности кои преку интервјуа ќе се обидат да ја подигнат свесноста за машкото здравје, навремени контроли, а посебно кога се работи за рак на простата. Месецот Ноември е токму посветен на машкото здравје, а познат е како движење наречено „Мовембар“ каде заштитен знак се мустаќите и брадата.
Еве што вели на прашањето- Што претставуваат според вас мустаќите? Дали претставуваат одреден симбол, можеби порака?
Иако знае да прави подолги паузи, посветен е на своето здравје и редовната физичка активност, свесен дека треба да се грижи за да може да биде секогаш спремен за било каква акција.
- Повеќето луѓе даваат предност на физичкото, а го запоставуваат менталното здравје. Редовната физичка активност односно вежбањето покрај за подобрување на физичкото, одлично влијае и на подобрување на менталното здравје. Иако знам да правам подолги паузи, во принцип вежбам четири пати неделно- вели Митровски.
Човечкиот род во принцип се плаши од стареењето, процес кој е неминовен, но промените кои ги гледаме во огледало од година во година сепак покажуваат дека времето не оди наназат. Некои посегнуваат по естетски корекции...
- Како влегов во средни години искрено да (се смее) помалку и се плашам. Но годините се тие и нема бегање и лично сум голем противник на претерани естетски корекции- додава Јанаки.
Инаку, за него епитетот алфа маж е помалку комплекс, а и кај нас смета дека погрешно се интерпретира. За него алфа маж пред се и над се е тој што се грижи за семејството, не крева рака на сопругата.
„Секој маж мора да биде и минимум џентлмен. Би рекол дека сум по малку од двете“
За крај, има и добра порака:
„Не си го запоставувајте пред се психичкото па и физичкото здравје. Ставете се себеси пред Вашите клиенти, обврски и слично“!
Небојша Толески
Фото: приватна архива