ЈАНУАРСКИ ХОРОСКОП: Време на неверојатни промени
ОВЕН
Повторно ќе мора да се фокусирате на финансиските прашања иако можно е сѐ уште да ве мачат одредени здравствени проблеми. Нештата што ви висат над глава најпосле ќе се придвижат кон крајот, што е добро, бидејќи време е да се ослободите од психолошкото „ѓубре“ што ви тежи и лошите навики кои можеби ви го нарушуваат здравјето без воопшто да сте свесни за тоа. Имате зголемена желба да ги истражувате тајните на животот.
БИК
Ќе се фокусирате на луѓето и на врските, од лични, преку платонски, па сѐ до професионални. Ќе сфатите дека треба да ги подобрите вештините на комуникација со другите луѓе ако сакате да успеете. Ќе треба да бидете остроумни и внимателни за да го препознаете потенцијалот или заканите за вашата благосостојба, односно напредок. Можно е ништо да не се случи, но многу е подобро да бидете подготвени за сите можни исходи, отколку да бидете фатени на изненадување.
БЛИЗНАЦИ
Можеби правите промени во работното место или професијата, во односите со колегите или пак во исхраната и грижата за здравјето. Се соочувате со зголемен ментален стрес или пак финансиски потешкотии, кои се однесуваат на заостанати долгови, плати, придонеси и сл. Желбата за помош на луѓето околку вас дебело ќе ви се исплати. Не очекувајте само благодарност, туку направете го тоа што треба да се направи. Оваа фаза претставува одлична можност да се ослободите од нештата што не функционираат во вашиот живот, но и да откриете што функционира.
РАК
Признанијата, наградите, моќта и престижот, па дури и имотот ќе се зголемат и тоа значително. Времето е дарежливо кон вас, а вие знаете дека го заслуживте тоа. Вашата визија има практична примена во овој момент, а вие сакате да видите резултати веднаш. Во текот на престојниот период можен е зачестен контакт со авторитетни фигури во вашиот живот. Без разлика дали ќе побарате или не, многу е веројатно дека ќе добиете признание за работата и трудот што сте го вложиле. Направете го она што вие сметате дека е правилно, но имајте на ум дека во текот на февруари вие сте најизложени и најранливи.
ЛАВ
Вашиот знак ќе ве натера полека да ги проширите хоризонтите, во секој аспект од живеењето. Сѐ уште ќе нудите топлина и пријателство, како и соработка на работното место. Сите трендови кои започнаа во текот на минатиот месец, сега добиваат на сила и се фокусираат во правилната насока. Кон крајот на овој месец ќе бидете ориентирани кон остварување на зацртаните цели. Но, овој месец, исто така, е вистинско време за преиспитување и истражување на вашите цели. Размислете дали можеби преголем дел од вашата енергија се канализира во приватниот живот и попречува други сегменти од вашето живеење.
ДЕВИЦА
Можно е да патувате често и можно е да се создаде шанса да сретнете личност што ги споделува вашите погледи, идеали и идеи. Крајот на месецоте резервиран за вистинска духовност, интелектуален и морален раст – еден вистински космички подарок за вас. Претходниот месец имаше бројни подеми и падови со кои требаше да се справите. Вашиот знак ќе ве натера да се преориентирате кон трајните вредности, кои ќе резултираат со идеализам. Ќе сакате да искусите задоволство и ќе го прифатите тоа задоволство, без разлика од каде доаѓа. Кога станува збор за љубовта пак, имате тенденција да бидете отворени и либерални.
ВАГА
Мора да научите како да се однесувате со другите луѓе, особено кога станува збор за интимните и лични прашања, размената на идеи, личните верувања и емоциите. Семејните врски полека стануваат посилни и вам тоа ви се допаѓа. Но, не смеете да ги запоставите важните работни контакти и комуникацијата со соработниците, започнатите или престојните проекти, планови или активности. Не смее да постои каква било невнимателност, доколку сакате да ги достигнете целите што ги имате зацртано.
ШКОРПИЈА
Ќе станете свесни за сопствените ограничувања. Тоа ќе ви создаде чувство на заробеност. Можно е да дојде до појава на одредено ривалство, негативни чувства кои можат да предизвикаат многу пострашни реакции. Ова не е преиод во кој можете да си дозволите да претерувате, ниту пак да избувнувате. Не барајте проблеми каде што не постојат и не им посветувајте многу внимание на злонамерните обиди од вашите ривали. Вложете ги сите сили да го скротите својот темперамент тогаш кога е најпотребно.
СТРЕЛЕЦ
Можеби е крајно време детално да ја прегледате својата личност и да направите реална проценка на лицето, телото, здравјето, имотот и сите други нешта што ве сочинуваат. Мора да ги најдете сите сегменти од живеењето каде што има простор за подобрување и да ги направите неопходните корекции. Мора да воспоставите добри односи со колегите, потчинетите и надредените. Ова воопшто не е време за предизвикување на системот. Мора да внимавате да не направите грешка поради стресот и невниманието. Ќе ви биде тешко да се воздржите од вашите желби. Постои одредена желба кај вас, не само да ги смените околностите во животот, туку практично да создадете нов имиџ за себе.
ЈАРЕЦ
Ова е период кога вистински ќе мора да застанете зад своите зборови и да ги поткрепите сите верувања и убедувања. Ќе имате многу работа ако се стремите кон правење повеќе пари. Финансиските прашања стануваат сѐ поважни или во најмала рака вие се фокусирате на нив, бидијќи ве притискаат од повеќе страни. Се обидувате да се справите со прашањата поврзани со имотот, сопственоста, заостанатите долгови...
ВОДОЛИЈА
Претстојниот период е многу разигран за личностите родени во овој знак, особено кога ќе се инспирираат на креативен и емоционален план. По периодот на себезаштитување, полека станувате спонтани и имате желба за преземање ризици. Доаѓа една богата и плодна фаза во вашиот живот што секако ќе ве направи посреќни, а вие ќе уживате во секој момент. Но, не летајте премногу високо или премногу далеку – избрзувањето, непресметаниот ризик, претераната самодоверба, можат само да предизвикаат проблеми. Ви претстои одредена опасност која се должи на ризичното однесување.
РИБИ
Вашиот дом или можеби канцеларијата треба да помине низ процес на реновирање. Вие сте личност што сакате услови за живеење и работа кои ги задоволуваат вашите строги критериуми во секој поглед: физички, технички и во поглед на атмосферата. Ќе го издржите периодот на непријатности за да го добиете она што го посакувате. Во овој период мора да направите сѐ што е во ваша моќ да ја зголемите довербата во семејството и да поставите темели за негово понатамошно проширување.