„Јас победив, Бајден победи само во очите на лажните медиуми“: Трамп супериорно

„ Бајден победи бидејќи изборите се наместени. Не се дозволени набљудувачи, гласовите ги сметаше софтвер на радикално левата приватна компанија Доминион, која има лоша репутација и лоша опрема и не можеше да се квалификува ни за Тексас (во кој уверливо победив!), победи поради лажните медиуми и медиумите кои молчеа“, објави Трамп на Твитер. 

Со ова за прв пат призна на некој начин дека сепак е победен. Ама... Следеше ново соопштение:

„Победи само во очите на фејк њуз медиумите. Не признавам ништо! Пред нас е долг пат. Ова беа лажни избори“, напиша тој.