„Јас сум 52-годишна баба, а изгледам како студентка“: Смешно е што мажите ги обожаваат моите слики
Џина Стјуарт вели дека ѝ здосадило да ја средува косата, да ги средува ноктите, да се шминка, да се облекува
Оваа гламурозна баба реши да го врати часовникот и да изгледа со децении помладо. Имено, моделот за долна облека Џина Стјуарт неделава ги шокираше своите 400.000 следбеници кога сподели видео на кое во прилично младешко издание потпевнува на хитот на Ријана „Diamonds“. Во видеото, бабата и мајката на четири деца изгледа како студентка во раните дваесетти години.
Видеото ги збуни нејзините многубројни машки следбеници, а еден напиша: „Каков прекрасен и природен изглед!
- Па ти си најубавата девојка што сум ја видел - напишала друг.
Сепак, излегува дека изгледот на Џина кој ѝ пркоси на возраста е резултат на технологијата за вештачка интелигенција која ѝ помогна да го „врати времето назад“. Откако помина години правејќи видеа на „OnlyFans“, Џина реши да ја подигне својата манекенска кариера на следното ниво со здружување со компанија за вештачка интелигенција за да стане целосно виртуелна.
- Смешното е што мажите го сакаат тоа - таа неодамна изјави за „Daily Mail“ дека моделите со вештачка интелигенција се „гламурозни, убави и пожелни, како моделите на „Плејбој“ во 90-тите“.
- Претпоставувам дека е сличен концепт на суперхерои, секој сака и има омилен суперхерој, оди во кино, го гледа, му се восхитува... Сакаат да бидат тие, иако не се реални. Тоа е фантазија и бегство од реалноста – објасни таа.
Џина, позната на интернет како „најжешката баба на светот“, стана ѕвезда кога нејзините гламурозни фотографии станаа вирални. Таа ја заработи славата со здружување со „OnlyFans“ и „Playboy“, но сега реши целосно да се „виртуелизира“ откако „ѝ здосади постојано да позира и фотографира“.
Таа тврди дека ѝ здосадило да поставува видеа, да ја средува косата, ноктите, да се шминка, да се дотерува и целото време што е потребно за да го направи сето тоа. Имено, ѝ требаше пауза. Во тој момент се родила 28-годишната компјутерски генерирана Џина од Калифорнија.
- Студирав вештачка интелигенција и соработував со неверојатен уметник на Инстаграм. Искористивме 1000 вистински фотографии од мене од сите агли, ја трениравме програмата и ме клонира. Резултатите беа неверојатни – заклучи таа.
Извор: stil.kurir.rs