Јас сум човек, а не робот: Зверев проговори за разделбата со неговиот тренер

Германскиот тенисер Александар Зверев проговори за разделбата со досегашниот тренер Иван Лендл.

Германецот и легендарниот Лендс се  разделија после помалку од една година соработка.

Зверев јавно го критикуваше Лендл за недоволната посветеност како тренер, но вели дека не очекувал разделба на ваков начин.

„Се гледаше дека патиштата ни се разминуваат. Му посакувам се најдобро, јас го имам најдобриот тренер на светот, многу сум среќен“ – изјави Зверев.

 „Се изненадив што оваа вест тој ја објави на сред турнир и што дознав од медиумите. Тоа ми беше многу чудно, но го почитувам. Иван беше добар кон сите членови на тимот, немам причина да се пожалам“ -  Александар откри како дознал дека не соработува повеќе со Лендл.

Моментално петтиот тенисер на светот, неодамна излезе пред јавноста со критика за Иван дека „повеќе зборува за голф и за своето куче, отколку што му е посветен на тренинзите“.

Тој исто така, неретко зборува за односите со претходниот менаџер, Патрисио Апеј, против кој има покренато судска постапка.

„Гледајќи по минатото, секогаш може а кажеме дека нешто сме можеле да промениме. Јас сум човечко суштество, не сум робот. Морам да живеам со грешките. Не сум сигурен што можев подобро да направам. Ситуацијата околу менаџментот наскоро ќе се промени и се надевам дека подобро ќе играм“ – соопшти Зверев.