Јавно побара нешто од него: Како Игор Џамбазов ќе излезе на крај со Илина?
Нивната врска е секогаш во центарот на вниманието, а овој пат заедно ја раскажаа нивната љубовна приказна...
Игор Џамбазов и Илина Арсова имаат интересна љубовна приказна. Од сите јавни личности, годинава токму нивната пробуди најмногу интерес. Џамбазов вели дека толку ја сака Илина, што таа побарала од него да ја сака помалку.
Оваа приказна, ќе му ја раскаже на Жаре во „Еден на Еден“, во специјалната новогодишна емисија со Илина и Игор, која ќе ја гледаме на „Канал 5“, во недела од 18.30.
„Како е тоа возможно? Дали некому му успеало? Дали воопшто некој некому на планетава му побарал да го сака помалку?“, му рекол Џамбазов на Жаре и ја испеал новата, сè уште необјавена песна.
„Таа сака, да ја сакам помалку. Таа само сака да сум ја сакал помалку“, се дел од стиховите на оваа песна. Игор ќе раскаже и за тоа дека оваа година, која сите по лошо ќе ја паметат, за него била најубава, и оти верува во судбина, која му ја пратила Илина.