Јелена Карлеуша се пофали со новото момче, сега е официјално! -Пејачката конечно ја објави среќната вест
Конфликтот меѓу Јелена Карлеуша и Едита Арадиновиќ во април 2024 година ги наполни весниците, а по тој повод младата пејачка ја обвини музичката ѕвезда дека и го „одзела“ момчето.
ЈК остро ги демантираше овие наводи, а откако Адаровиќ пред медиумите истакна дека спомнувањето на името на нејзината колешка „покренува прашина“, сега се огласи и Јелена.
Карлеуша не беше претерано расположена за разговор, но, во свој стил, иамше што да и порача на Едита.
-Може да дојде да ми ја земе мојата старата машина за перење, купив нова, а имам и ново момче. Нека од**е! – куса била Јелена Карлеуша за Информер.
Не е познато дали Јелена навистина има ново момче или само алудирала на она за што ја обвини колешката.
Да потсетиме, за време на промоцијата на Јелена Карлеуша во Белград на вода, пејачката Едита Арадиновиќ изнесе низа шокантни тврдења дека ЈК била интимна со нејзиното момче.
Неколку месеци подоцна, кога страстите се смирија, Арадиновиќ беше замолена да даде коментар за колешката.
-Пулсот ми скока, притисокот ми се зголемува при спомнувањето на неа, не вреди да ја спомнам - изјавила Едита Арадиновиќ.
Извор: Vesti-online.com