Јелена Карлеуша за 10 дена во Дубаи потрошила милион: Арапите полудеа по Карли, па и приредија изненадување за кое не ни сонувала (ВИДЕО)
Јелена Карлеуша ужива во своето второ патување оваа година во Дубаи, која е една од нејзините омилени дестинации за одмор и шопинг.
Поп-ѕвездата цел ден по пристигнувањето во Дубаи го поминала уживајќи на плажа и сончајќи се на жешкиот песок на Емиратите, а за таа прилика облече минијатурно бикини, кое повеќе откриваше отколку што покриваше. Таа одбрала костими за капење во розова и зелена боја, а веќе жешката атмосфера дополнително ја подгреа со секси танц од хитовите од нејзините албуми „Алфа“ и „Омега“.
Откако завршила со лежењето на плажа, Јелена со другарките отишла во еден од најдобрите ресторани во Дубаи, каде Арапите и приредиле кралски пречек и мало изненадување. На крајот од вечерата и донесоа на Јелена парче од нивната позната торта со порака: „JK Queen“.
Пејачката за оваа пригода беше облчечена во долг фустан со прерамки со интересен принт на брендот „pucci“ од 1.400 евра, кој го искомбинира со интересни обетки во форма на морска ѕвезда и чанта со бисери. Целата комбинација ја подигнаа на повисоко ниво со накитот „Картер“ и „Ван Клиф“ по цена од 21.800 евра.
Инаку, Карлеуша веќе неколку дена ужива на одмор со пријателите и колегите во Дубаи, каде што мора да оди секоја година. Минатиот пат престојуваше во еден од најлуксузните хотели на Емиратите каде се чувствува како дома. Станува збор за хотел со пет ѕвезди, а истиот за 10 десет ноќевања чини најмалку еден милион динари, бидејќи само даноците и таксите изнесуваат околу 240.000 динари.
Хотелот располага со приватна плажа, модерни соби со најнова технологија, спа центар, а особено познати се рестораните во кои се служат разновидни кујни од целиот свет.
Фото:screenshot