Забава // Музика и филм
Јордан Митев стана татко: Пејачот не ја крие радоста за ќерката
Естрадниот уметник Јордан итев стана татко. За прв пат во животот во прегратка ќе држи сопствена ќеркичка.
„20 години патувам низ светот и на многу турнеи Господ ме дарува со благодети, но на оваа турнеја Господ ми го даде најголемиот дар, ми се роди ќерка.
Добредојде ќерко!“ - напиша на социјалните мрежи Јордан .
Негова сопруга е Славица Митреска, Македонка родена во Австралија.
-Се запознавме во Австралија, мојата сопруга е родена таму, таму има живеено. Ете, така некако се споија работите да биде што биде и излезе да живееме овде, сподели во една прилика Јордан Митев.