Јутјуберот Никокадо Авокадо беше бизарно гојазен, па ги измами сите и изгуби 114 килограми: Го обвинија дека користел лек за дијабетес (ВИДЕО)
Јутјуберот Никокадо Авокадо е интернет сензација која прејадувањето го претвори во профитабилен бизнис. Тој има милиони следбеници на социјалните мрежи, а луѓето плаќаат за да го гледаат како се прејадува со нездрава храна, па од 2014година до денес има заработено милиони. Иако порано бил прилично слаб, Никокадо се здебелил поради бизнисот, а многумина рекле дека станал бизарно дебел. Сепак, Јутјуберот денеска ги шокираше сите свои следбеници кога се појави во ново видео значително послабо.
Никокадо Авокадо откри дека изгубил 114 килограми за седум месеци, а многумина се убедени дека користел „Ozempic“, лек кој се користи за лекување на дијабетес тип 2.
Седум месеци прикачувал стари видеа на кои се прејадува, додека всушност цело време слабеел и на тој начин ги залажувал сите.
Во 25-минутното видео насловено „2 чекори напред“, тој ги
нападна своите критичари, споредувајќи ги со мравки кои слепо ги следат онлајн
наративите.
Ова не му е прв обид да ослабе, имено ослабе во 2023 година, но откри дека му е нарушено физичкото и менталното здравје.
„Баш вчера луѓето ме нарекуваа дебел и болен. Денеска ослабев 114 килограми и им докажав дека грешат“, рече тој.
Додека едни се воодушевени од неговата промена и му
честитаат, други велат дека претерал и не веруваат дека резултатите ги
постигнал со диети и вежбање.
„Ја сврте играта. Браво“, „Честитки““, „Ова е за почит“, „Оземпик“ вреска од тебе“, „Изгледаш болно“, гласат коментарите.
Фото:Извор:Zena.blic.rs