Јувентус во криза, Ањели со изјава која ги депримира навивачите

Нов пораз на Јувентус во Лигата на шампионите, трет на гости сезонава, сега од аутсајдерот во групата Хаифа со 2:0.

И покрај поразот и слабата форма, првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели потврди дека тренерот Алегри останува на клупата.

„Ова е тешка ноќ за нас, треба да анализираме што се случува. Потребна е одговорност, Макс Алегри е нашиот тренер и ќе остане таков, имаме целосна доверба во него. Секако и се чувствувам посрамотен и луто, но не треба да обвинувате само една личност, сите се одговорни, целиот тим. Можам да потврдам дека Алегри ќе остане наш тренер до крајот на сезоната – рече Ањели.