К2 е совладан: Сашко Кедев го искачи најсмртоносниот врв во светот
За некои искачувањето на планини е страст и предизвик, но искачувањето на највисоките врвови на светот претставува подвиг кој е за поздрав. Посебно затоа што се работи за екстремни услови каде нивото на кислород е значително намалено, а непристапните ледени терени не дозволуваат понатаму...
Но...
Познатиот македонски кардиолог и член на Македонската академија на науки и уметности, Сашко Кедев бил дел од 24-члена експедиција која на 22 јули меѓу 8 и 9 часот по локално време во Пакистан го искачила вториот највисок врв на светот К2.
Предводени од врвните шерпаси и лидерот Мингма Џи (негово четврто искачување на К2), сите алпинисти успеале во намерата да се искачат на 8.611 метри високиот К2, втор највисок на светот по Монт Еверест (8.848).
К2 претходно го искачи и нашиот врвен Хималаист Здравко Дејановиќ од Скопје.
Сашко Кедев стана првиот и единствен Македонец, кој има искачено четири врва од 14-те тн. „осумилјадарки“ (над 8.000 метри). Во април годинава го освои Даулагири, седмиот највисок на светот (8.167), а лани Манаслу, висок 8.163 (осми во светот). Во 2009-та се качи на врвот на Монт Еверест.