Качмарек: Со најсилен состав против Академија Пандев, нема опуштање

Академија Пандев утре го пречекува тимот на Лехиа, реванш во Конференциската лига, тимот од Полска има предност од 1-4 по првиот натпревар во Гдањск.

Тренерот Томаш Качамрек очекува тежок натпревар, иако резултатот од првата средба највува нешто друго.

„Ние сме на пола пат, само еден меч, не очекува реванш,  имаме добар резултат од Гдањск, но не беше лесно против Академија Пандев, иако резултатот покажува така.  Дојдовме со многу самодоверба , очекуваме пласман во следната рунда, но со полн респект ќе играме кон  нашиот утрешен противник.  Академија Пандев  одигра доста напаѓачки, знаеме дека треба да ги запреме, тие играа тимски, имаа свои шанси, мислам дека се опасни, затоа ќе играме максимално сериозно. За мене во фокус е победа утре, фокус е само утрешниот меч и  ќе играме во полн состав, немаме намера да калкулираме“ - рече Качмарек.

Дуелот меѓу Академија Пандев и Лехиа се игра утре со почеток од 17 часот.