„Каде и да одам, секогаш сум од Македонија“: Меѓу најголемите имиња во боречките спортови низ светот се двајца од Македонија

Александар Волкановски и Горјан „Гого“ Славески се двајца успешни Македонци кои и покрај тоа што живеат далеку од родната земја, секогаш со гордост ја истакнуваат Македонија.

Волкановски е еден од најпознатите ММА борци во светот и поранешен шампион во UFC во перолесна категорија. 

Роден е во Австралија, но потекнува од македонско семејство и никогаш не ја заборава својата крв. Во бројни интервјуа отворено зборува за своето потекло и ја носи македонската гордост на светските арени.

Горјан „Гого“ Славески е 31-годишен професионален борач кој живее и тренира во Индијана, САД. 

Тој е светски шампион во „голорак“ бокс (BKFC) со совршен скор и активен борач во Karate Combat. Познат е по тоа што секогаш извикува „Macedonia, stand up!“ по своите победи и сака преку спортот да ја промовира татковината.

И Волкановски и Славески се жив доказ дека љубовта кон Македонија не знае граници – тие се амбасадори на нашата земја на светските спортски сцени.

Фото: Википедиа / Фејсбук