Кафе немаме пиено три месеци и се случи неверојатна промена: Утрото е сосема поинакво и една работа ни го промени животот

Кафето е омилен пијалок на многу луѓе, а секој вљубеник не може ни да замисли да го започне денот без него. Без разлика дали тоа е навика или задоволство од кое не сакаме да се ослободиме, факт е дека го консумираме речиси секој ден.

Кафето има бројни здравствени предности, но и недостатоци, а популарните Јутјубери Крег и Кина Бензин решија да се откажат од него три месеци.

„Кога не пијам кафе, ми отежнуваат мускулите, не сакам да правам ништо. Се чувствувам ужасно без него и тоа не ми изгледа добро. Покрај тоа, многумина велат дека со откажувањето од кафето ја излечиле нивната несоница“, вели Јутјуберот.

Двојката веќе еднаш се обидела да го спроведе овој експеримент, но тој траел само еден месец. Сега успеале да не го пијат подолго време, а престанале да консумираат и други пијалоци кои содржат кофеин, како што се газираните сокови.

„Кафето го прикриваше фактот дека често сум уморен. Можеби сега спијам подобро, бидејќи се чувствувам подобро кога ќе се разбудам, посвеж сум. Сепак, би можел и многу брзо да се вратам во кревет", објаснува тој.

Само по два месеци без кофеин тие виделе вистински придобивки.

„Немав мотивација цел месец. Навистина ми недостигаше фокусот“, изјави Крег, додека Кина објасни дека сега пие кафе без кофеин.

„Посакувам да не бев толку зависна од кафе. Сега дојдов до моментот кога се чувствувам како да сум пиела кафе со кофеин, а сѐ уште го пијам ова без кофеин“, додаде таа.


Foto: screenshot