Кафе три пати на ден? Што му се случува на организмот?
Во Северна Америка се направени околу 740 различни испитувања кои се засновани исклучиво на дејствување на кафето врз човековиот организам. Научниците установиле дека максималната количина која можете да ја внесете дневно е 400 милиграма.
Една голема шолја кафе од кесичка може и да ја надмине дозволената количина за цел ден, што значи дека по таа една шолја кафе не смеете да пиете ништо со кофеин до крајот на денот.
Ако пак сте голем љубител на кафе и пиете по 3 шолји на ден, сепак му штетите на здравјето.
Преголемите количества кофеин можат негативно да влијаат на вашиот кардиоваскуларен систем, составот на коските, квалитетот на сонот па дури и на вашиот централен нервен систем. Истражувањата исто така покажале дека се јавуваат и зголемени дози на депресија и анскиозност, што претставува голем проблем.
Преголемите дози на кофеин доведуваат до појава на одредени симптоми, па ако почувствувате главоболка, мачнина, грозница, треска, потење, тогаш тоа е знак дека треба да престанете со кафето за тој ден.