Кафето штити од карцином : Пет причини зошто е корисно
За кафето велат дека е магичен напиток без кое многумина не можат да го замислат почетокот на денот. Има многу теории зошто кафето е штетно ако со него се претера- создава зависнот, го покачува крвниот притисок, го зголемува нивото на стрес. Но постојат и причини зошто е корисно.
- Го намалува ризикот од карцином на простата
Мажите кои пијат шест или повеќе кафиња на ден имаат 60 проценти помал ризик да оболат од најсмртоносната форма на карцином на простатата, вгелат научниците
- Ја намалува депресијата кај жените
Истражувања од Универзитетот Харвард велат дека жените кои редовно пијат кафе се иложени на 20 проценти помал ризик од депресија отколку жените кои не пијат кафе. Дури и ризикот од самоубиство се намалува со зголемено консумирање на кофеин.
. - Штити од тумор на мозокот
Луѓето кои пијат повеќе од четири кафиња на ден имаа за 39 проценти помал ризик од карцином на усната шуплина, тумор на мозкот, карцином на белите дробови како и намалувањето на холестеролот во крвта.
- Го намалува ризикот од алцхајмерова болест
Истражувањето спроведено на глувците покажа дека кај лицата кои боледуваат од алцхајмерова болест, ако се напијат пет шољи кафе на ден, меморијата значително им се подобрува.
- Го намалува ризикот од дијабетес
Бројни истражувања покажаа дека кафето штити од дијабетес од типот 2, иако механизмот сѐ уште не е најјасен. Со анализа е утврдено дека оние кои пијат 3-4 кафиња на ден, за 25 проценти го намалуваат ризикот од појава на дијабетес.
Извор: healthline.com