Кајли Џенер најсекси до сега: Во базен и рече Чао на старата, и ја дочека Новата година
Таа изгледа убаво, иако и припишуваат голем број на ластични операции. Но тоа неа воопшто не ја возбудува како фактот дека има мнооооогу пари.
Најмладата милијардерка на светот, Кајли Џенер го запали Интернетот со нови фотографии во бикини, на кои ги стави своите бујни гради во преден план.
Имено, ријалити ѕвездата и инфлуенсерка моментално престојува во Аспен, Колорадо, и покрај толку многу снег, таа размислува за неодамнешното потопло време и фотосесијата што ја направи во Лос Анџелес непосредно пред патувањето на планините.
23-годишната девојка скокна во базенот во беж минијатурно бикини што едвај ги покрива нејзините огромни гради, додека носи очила за сонце со беж рамка на главата. Таа околу вратот има и златен ѓердан, додека на ушите има златни обетки и нараквица од истиот материјал.
Имаше нежна шминка, а косата, која неодамна ја обои во црвена боја, ја имаше врзано во пунџа.
Таа собра неверојатни 19 милиони лајкови на двете провокативни фотографии, додека на социјалната мрежа Инстаграм ја следат 206 милиони следбеници.