Нашиот пејач е многу популарен во соседството. Дури и тамошни ѕвезди се фотографираат со него
Откако му се врати на ергенскиот живот, пејачот Даниел Кајмакоски постојано е на некоја мини турнеја низ Балканот со својот бенд. Неговите фанови кои ги има во голем број, на социјалните мрежи постираат со него фотографии од Црна Гора, односно од Будва каде има настапи. На неговите свирки доаѓаат и големи регионални ѕвезди, па Даниел на неколку фотки се гледа како е во друштво со Бане Мојиќевиќ, српскиот пејач победник на шоуата “Ѕвездите на Гранд” и “Твоето лице звучи познато” во кое и Кајмакоски учествуваше. Се фотографира и со српскиот кошаркарски ас Стефан Јовиќ кој му беше во публика на концертот.
* Со пејачот Бане Мојичевиќ
* Со кошаркарот Стефан Јовиќ