Како брадата да ви расте побрзо? Има супер начини
Ако имате проблем со ретката брада која споро расте, тогаш овие совети ќе ви бидат од вистинска корист.
Брадата е телесна одлика која ги двои мажите од жените и таа покажува дека сме мажествени, силни и дека сме доволно зрели. Поради тоа многу мажи сакаат да носат подолга брада и да се гордеат со нејзе. Меѓутоа, некои од нив имаат прблем со поспоро растење и брадата не им е доволно јака и густа. Постојано се бараат начини како да се подобри овој проблем, а воедно и изгледот на брадата.
Ние ви даваме неколку совети кои ќе ви помогнат во таа мисија и кои ќе ви овозможат да имате мажествена и убава брада.
1. Хранете се здраво
Намирниците кои содржат поголемо количество на минерали и витамини значително влијаат врз растот на влакната, како и на нивниот квалитет. Па, доколку ја подобрите вашата исхрана и ако ја отфрлите храната која е нездрава, тогаш ќе имате брада која побрзо расте и е подобра.
2. Тренирајте
За раст на влакната кај мажите, најзаслужен е тестостеронот. Овој хормон природно се лачи кога тренирате и кога одите во теретана, па ако вежбате редовно, вашата брада ќе стане појака и нејзините влакна ќе растат многу побрзо.
3. Рицинусово масло
Рицинусовото масло се покажа како одличен природен препарат кој го подобрува и убрзува растот на влакната. Купете мало рицинусово масло, нанесете го на брадата да отстои барем еден час, а потоа исплакнете со вода. Повторувајте ја оваа постапка неколку недели и ќе се уверите дека вашата брада изгледа подобро од претходно.