Како да го спречите прекумерното потење?

Туширање

Туширајте се почесто и темелно. Користете посебен сапун и никогаш не заминувајте негде пред да се истуширате.

Соодветни производи

Добро размислете за тоа дали користите соодветни производи. Ако веќе имате проблем со прекумерното потење под пазувите, проверете дали користите адекватни антиперспиранти и дездоранси.

Покрај соодветниот дездоранс, користете спреј за тело. Немојте во никаков случај мирисот на потта да го камуфлирате со тоалетна вода. Ако сте заглавени во град и сте далеку од домот и тушот преку целиот ден, задолѓително имајте при себе антиперспирант марамици за мажи.

Нега на влакната под пазувите

Посветете внимание на влакната под пазувите, бидејќи на нив се таложи голем број бактерии, кој создаваат непријатен мирис. Можеби дури и со мало скратување на влакненцата да забележите дека непријатните мириси се намалени.

Облека

Слоевитото облекување е број 1 за сите луѓе кои прекумерно се потат под пазувите. На овој начин ќе можете да отстраните одреден слој од облеката, доколку ви стане претопло.

Доколку ги следите овие совети и се уште се потите и исплашени сте да не ширите непријатна миризба, тогаш посетете лекар, но запамтете дека оваа појава не е ненормална и невообичаена. Поентата е само да го откриете превентивниот метод кој ви помага и да го користите.