Како да се „набилдате“ за на плажа за само 5 минути?
Сите мажи сакаат да изгледаат поголеми, посилни и набилдани секогаш кога одат на плажа..
Мажите максимално се трудат да изгледаат што подобро, особено во летната сезона, но многу од нив не успеваат да си ги реализираат своите планови и на почетокот од летото не изгледаат онака како сакаат. Меѓутоа, постојат начини и трикови кои ќе ви помогнат да изгледате понабилдано за само 5 минути потрошено време.
Ако ова го правите пред секое заминување на плажа, ќе изгледате многу подобро и ќе бидете позадоволни и среќни:
1. Прва работа која мора да ја направите е да внесувате здрава храна со јаглехидрати. Бананата е совршена за тоа и ако изедете една банана, вашите вени ќе бидат поизразени и вашето тело благо ќе се набилда, бидејќи бананата има ефект да ја внесува водата во мускулите и на тој начин визуелно го зголемува вашиот изглед.
2. Отстранување на влакната е следниот чекор кој мора да го направите ако сакате да изгледате подобро, бидејќи влакната ги кријат линиите на вашето тело и го прават да изгледа нестегнато.
3. Вежбите се следен и можеби најважен чекор кој мора да го направите. Правете вежби како склекови, стомачни и вежби за активирање на мускулите на рацете, градите и рамињата. После вежбањето, вашите мускули неколку саати ќе бидат во форма, што ќе ви овозможи да доминирате на плажа со вашиот изглед.