Како духот на Дејвид Боуви се “врами” во Хуго Бос?

Култот за Боуви толку е силен што и денес се пишува и зборува за него исто како некогаш.Зиги Стардаст, Белиот војвода, кралот на глам-рокот, човекот кој падна на Земјата, Starmen, авангарден вселенски самурај, музички и моден камелеон, Боуви остави силен печат во музиката и во целокупната популарна култура на нашето време.

Бестрашен и смел и во моден контекст, екстравагантен до бескрај и секогаш уникатен, голем уметник, модна икона. Со својата работа и појава несомнено ги надмина границите на музиката, уметноста и модата.И додека музичарите и групите еволуираа во актуелните музички стилови и надворешниот изглед, тој изгледаше како да е во постојаната спирала на револуцијата. Ѝ пркосеше на секоја етикета. Музичката, модната, сексуалната, сето тоа беа играчките на Боуви. Беше вистински!

Еден од најпознаите моди брендови- Хуго Бос неодамна реши да му оддаде почит на уметникот, претставувајќи капсулна колекција наречена „Hugo Loves Bowie“. Истата колекција ја има и кај нас во продажниот простор на брендот, а овозможно од компанијата „Fashion Group Macedonia„ која ја донесе оваа реномирана марка на нашите простори.

Модната линија е во духот на Бос, но исто толку влијание има и духот на Боуви. Едноставно, совршен спој на естетка, уметност, луксуз и доза на авангардност.

Колекцијата сочинува пароли со слогани, графички маици и џемпери, панталони, јакни...во црвена, црна и бела палета.

Или поконкретно, во парчињата се забележува моќта на самоизразувањето на Боуви со модерен„шмек„ на Хуго Бос.

Н.Т.