Како изгледа кога Македонец ја носи новата колекција на Hugo Boss

Атрактивноста на реномираниот бренд Hugo Boss никогаш не се намалила! Што е уште поинтересно, овој светски бренд од сезона во сезона создава парчиња кои како да се вечни, носливи за сите времиња. А, токму тоа го одделува од другите брендови од А- класата. 

Имаме среќа што облеката на Hugo можеме да ја видиме и кај нас, во отмениот салон на брендот кој го донесе компанијата Fashion Group Macedonia.

За да биде што поатрактивно и уникатно, од таму неодамна ни “сервираа” одлично спакуван производ- видео во кое Македонец го носи најновото на Boss. 

Се работи за мултиталентираниот артист Давид Димовски кој има атрактивен стил и сам по себе е атракција, автентичен на само свој начин. Тој во видеото со исклучително професионален пристап ја презентира новата колекција на Hugo Boss која изобилува со младешки изглед, строги, но релаксирано префинети линии и спортска нота. 

Позирајќи пред објективот на Филип Пашоски, Давид ви ја пренесува машката нова сила на брендот: 

А, колку е тој уникатен во сето она што го создава, зборуваат и следниве фотографии: 

Н.Т.