Како јајце на јајце: Неверојатна сличност на македонските и балканските познати дами, како да се сестри

Како една мајка да ги родила

Секоја жена има свој личен печат и убавина, но сепак кога ги анализирате малку подобро, ќе сфатите дека дел од нашите познати јавни личности имаат некоја поврзаност и слични црти со познати јавни личности од Балканот.

Ние ќе пробаме да ви доловиме десет такви дами, а од Вас бараме да ни кажете дали се согласувате дека овие убавици наликуваат една на друга.

Елена Ристеска и Јелена Томашевиќ

Две музички ѕвезди кои се регионално познати и омилени кај публиката, два неприкосновени вокали, две прекрасни жени - секоја на свој начин, а сепак толку слични.

Јелена Томашевиќ е во топ пет најпознати и најдобри вокали во Србија и Елена Ристеска исто така е меѓу најдобрите пејачки во Македонија.

Првата карактеристика е дека и двете обожаваат да носат црвен кармин, кој патем и на двете им стои перфектно. Исто така и двете имаат слична коса, односно во истите нијанси и должини, а ги одликува и сличен стил на облекување.

Тамара Тодевска и Лепа Брена

Лепа Брена е легендарна балканска дива уште од времето на СФРЈ, а и Тамара Тодевска исто така е меѓу најдобрите пејачки во регионов.

Тие се модни икони, а првата карактеристика е дека и двете преферираат јака шминка, а се случило и двете често имаат слична фризура, додека пак косата им е бојадисана во потполно иста боја. 

Аделина Тахири и Теа Таировиќ

Две русокоси убавици со заводливи очи, карактеристично е што и двете се неверојатно згодни, и ги истакнуваат своите бујни атрубити во провокативни модни изданија.

Една од најубавите албански пејачки, која ѝ е позната и на македонската јавност, Аделина Тахири Марков покрај музичката кариера е посветена мајка и сопруга, додека пак Теа Таировиќ е број еден пејачка во регионот, чии хитови нема кој не ги знае.

Уште една заедничка особина им е талентот за танцување, за кој им нема рамни.

Миа Костова и Наташа Беквалац

За поранешната водителка и една од македонските најпознати инфлуенсерки Миа Костова и познатата српска пејачка Наташа Беквалац често пати се пишувало дека личат како да се сестри.

Имено и двете се русокоси, имаат сличен облик на очи, а уште една заедничка особина им е тоа што се самохрани мајки и жени кои лавовски се борат во животот за своите деца. Важат за тренди дами со свој оформен стил.

Лина Пејовска и Теодора Џехферовиќ

Лина Пејовска е македонска, а Теодора Џехферовиќ српска надежна млада пејачка. Заедничка карактеристика им е долгата коса која на двете им е заштитен знак, а често ја бојадисуваат во слична боја. И двете имаат прекрасни насмевки и се омилени кај младата публика.

*Р.Ж.М. - Д.Караташова Илиоска

* Фото: Instagram