КАКО ЌЕ РЕАГИРА НАДАЛ? Ѓоковиќ ова го кажа за враќањето на Рафа

Од Новак Ѓоковиќ беше побарано по триумфот над Хуберт Хуркач да даде мислење за враќањето на Рафаел Надал на теренот.

Шпанецот вчера најави дека наскоро би можел да се врати на натпреварувањата по речиси една година пауза, но сѐ уште е рано да се прогнозира на кој турнир „Бикот од Мајорка“ ќе направи голем кам-бек.

Најдобриот тенисер на денешницата Новак Ѓоковиќ уште еднаш ја покажа сета своја големина, истакна дека едвај го чека враќањето на својот голем ривал.

- За светот на тенисот нема сомнеж, неверојатно е што ќе се врати. Мислам дека би било убаво за тенискиот свет ако јас и Рафа одигравме барем уште еден меч. Мислам дека тоа е најголемото ривалство по бројот на одиграни натпревари во историјата на нашиот спорт, се надевам дека повторно ќе се сретнеме, изјави Ѓоковиќ, кој досега одигра 59 дуели со Шпанецот.

Србинот го смета Рафа за голем конкурент.

- Надал е некој кој никогаш не се откажува. Тој е голем борец. И покрај сите повреди, тој продолжи да се движи напред. Тоа е нешто што секако морам да го почитувам и да му се восхитувам.

Иако Ѓоковиќ започна ривалство со Карлос Алкараз, нема сомнеж дека тенискиот свет би сакал да види уште еден меч меѓу Надал и Ѓоковиќ.