Како лесно да го намалите ризикот од срцев удар и мозочен удар
Научниците од универзитетската
болница во Лозана дошле до
овој заклучок откако направиле
истражување на 3.400 луѓе на возраст меѓу 35 и 75 години.
Попладневното спиење еднаш или двапати неделно го намалува ризикот од срцев удар и мозочен удар.
„Врската останува, дури и кога се земени предвид факторите како што се возраста, должината на спиењето во текот на ноќта, ризиците за кардиоваскуларниот систем, високиот крвен притисок или холестерол“изјави д-р Хауслер од тимот.
„Може да има друго објаснување за различните ризици“, додава тој.
Се чини дека луѓето кои спијат во попладневните часови еднаш или двапати неделно, имаат поздрав и поорганизиран начин на живот кој им овозможува ваков одмор, додека оние што редовно спијат попладне не се особено здрави “, рече проф. Навид Сатар од Универзитетот во Глазгов.
За состојбата на кардиоваскуларниот систем е исто така корисно движење, физичката активност. 150 минути или околу два и пол часа физичика активност неделно е добро за имунитетот и здравјето на човекот, секако и здрава исхрана од регионот во којшто живеете.