Како најпознатите спортисти на светот ги трошат парите: Еден е луд
Спортот е без сомнение, индустрија во која се трошат многу пари годишно
Како што знаете, славните спортисти заработуваат милиони долари од своите договори за рекламирање, објавувања на социјалните мрежи, приватни бизниси и нивните клупски договори. Многу од нив заработуваат сума за една година што повеќето луѓе нема да ја заработат цел живот, а само некои се внимателни кога станува збор за трошење на своите пари.
Некои спортисти купуваат врвни модерни вили и најлуксузните автомобили во светот, собирајќи сè што е уникатно, еднократно и луксузно, додека други купуваат работи што никој никогаш не би ги очекувал.
Од бенгалските тигри на Мајк Тајсон, до восочната фигура на Кристијано Роналдо, во нашата галерија можете да откриете нештата на познати спортисти што не изненадија во најмала рака.
5. Мајк Тајсон поседуваше три бели бенгалски тигри
На врвот на својата слава, Мајк Тајсон не беше само крем-де-ла-крем на боксерскиот ринг, туку тој се однесуваше така во неговиот реален живот. Тој поседувал три бенгалски тигри, кои го чинеле по 70 000 американски долари. Поранешниот шампион мораше да се откаже од нив по десет години поседување, кога сфати колку се навистина опасни.
4. Лионел Меси ја купи куќата на неговите бучни соседи
Шесткратниот светски играч на годината на Фифа, Лионел Меси, го прошири својот имот во Шпанија во 2013 година, за да може да ужива во мир и тишина. Според неговиот поранешен соиграч, Иван Ракитиќ, Аргентинецот одлучил да го купи имотот на својот сосед затоа што изнајмил неколку соби во неговиот дом на бучни странци.
3. Роџер Федерер купи автобус на Мерцедес од шеесеттите години
Очигледно, најплатениот спортист на годината нема намера да забави. Сепак, тој откри некои свои планови за во иднина. Со швајцарскиот весник Ноје Цирхер Цајтунг, Федерер сподели дека купил стар автобус од 60-тите години на минатиот век за да патува низ Европа откако конечно ќе се откаже од рекетот.
2. Кристијано Роналдо си купи восочна фигура со неговиот лик
Првиот и единствен милијардер во светот на фудбалот, Кристијано Роналдо, може да си купи што сака. Затоа, кога ја видел својата восочна фигура во Музејот во Мадрид, решил дека сака да ја поседува дома. Потоа, тој го ангажирал оригиналниот уметник, Мајкл Вејд, да создаде реплика, за 31.000 американски долари.
1. Леброн Џејмс и даде на својата ќерка огромна куќа за игри
И додека многу татковци на своите ќерки им даваат куќи од Барби или кукли за роденден, Леброн отиде чекор подалеку. Овој славен кошаркар и подари на својата шестгодишна ќерка Јури мини верзија на нивната вила во Лос Анџелес, вредна 23 милиони долари. Игротеката на Зура има кујна, трпезарија и работна соба.