Како настанала „Црно тиквешко“ на Владо Јаневски?

Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле.

 „Црно тиквешко“ (Владо Јаневски)


Безвременската балада „Црно тиквешко“ е создадена во периодот кога се распадна дуото „Ластовица“. Стиховите за една од најубавите љубовни теми на Владо Јаневски изворно се напишани за песната „Кучка неверна“, на таа мелодиска линија. 

- Кога се разиде со Роберт Саздов, Владо си го повлече текстот. На една наша случајна средба ми раскажа што се случило и брзо се договоривме јас да ја работам музиката на текстот кој беше одамна готов–откри Григор Копров во една прилика.

Инаку, тој ќе одржи три концерти во Филхармонијата во Скопје, на 16, 25 и 26 ноември, во организација на „Авалон“. Концертите се насловени „Златни години“. Кантавторот вели дека насловот на концертите доаѓа од актуелниот сингл што ќе го промовира на фестивалот Макфест во Штип на 21 октомври, каде што ќе биде специјален гостин.