Како не му е срам на овој психијатар: Жените после 50-та година не се вредни за ништо
Српскиот психијатар Јован Мариќ со години шокира со своите проблематични изјави, а погледите зад него се полни со непочитување и нетолеранција. Ни неговите две ќерки не зборуваат со него бидејќи го сметаат за непредвислив и агресивен, посебно со изјави кои не доликуваат на неговата професија.
Покрај психијатријата, пред две години Мариќ стана експерт во областа на „сајбер-проституција“. Сега е и психијатар- сексолог.
Психијатарот раскажа како го ангажирале луѓе вклучени во интернет забава за возразниза да ги научи девојчињата во нивните агенцијии како да воздивнуваат пред мажите, како да ги заведуваат, но и како да го пофалат половиот орган за да се задоволи кревкото машко его.
„Ана Николиќ е дебела“
На почетокот на годината, тој детално објасни зошто пејачката Ана Николиќ имала проблем со тежината по породувањето.
„Ана Николиќ се здебели, а ова е сериозен проблем, особено затоа што живееме во визуелна култура која ја почитува убавината и младоста. Секој знае дека физичкиот изглед е многу важен, особено во професиите во коинекако се живее со изгледот, а тоа се пејачите. Можеби на Ана Николиќ и недостига љубов, секс и така натаму. Тогаш тоа е магичен круг - таа јаде и е дебела, изгледа грдо ... Дебелите луѓе се несмасни, тие не се сигурни луѓе. Значи, Милош Обреновиќ со право тврдеше деканема да му дадете работа на дебелиот човек затоа што сите тие се несмасни. Доколку Ана Николиќ е гладна, нека земе на вечер апче за спиење. Има такви кои велат дека не можат да спијат затоа што се гладни. Земете апче и ќе спиете “, рече тој за еден портал.
Дали и сега ќе каже такво нешто кога Ана Николиќ ослабе и фигурата ја доведе до совршенство?
Жената после 50-та година не е за ништо
Во мај минатата година, Јован Мариќ беше гостин на утринската програма и повторно кажа шега за големината на машкиот и женскиот генитален орган. Тој тогаш рече дека жените во шестата деценија не служат за ништо во ова општество.
"Кога ќе видите убав маж со грда жена, објаснувањето е – Од кај па вие знаете што таа му прави во кревет и кој е главен. Таа мора да надомести зошто е грда, додека овие убавите не се ни обидат, тие се нарцисоидни, а овие другите треба нешто да знаат за да задржат маж. На жените после 50- та година им отчукува биолошкиот часовник и тогаш се ништо “- оваа изјава ја даде на утринската телевизија со национална фреквенција.
Еве едно од видеата каде може да процените за каков психијатар се работи: