Како паметните телефони не прават поглупи?
Секогаш кога нашиот мозок ќе забележи паметен телефон околу себе, како моментално да станува глуп..
Научниците го докажаа тоа. Тие
тврдат дека сме целосно неспособни да го забележиме степенот на влијанието на
паметните телефони на умот, нашата способност да размислиме и да донесуваме
одлуки.
Когнитивните функции се нашиот менталениот капацитет да забележуваме, истражуваме, анализираме, заклучуваме и решаваме проблеми и задачи.
Когнитивниот и социјален психолог Адријан Вард, со колегите спроведе експеримент и го објави под насловот „Перење мозок: Самото присуство на паметен телефон ја намалува когнитивната способност“.
„Повеќе од 1.500 студенти учествуваа во истражувањето и нивната работа беше да решат повеќе тестови, да одговорат на голем број прашања, да објаснат и формулираат нешто. Генерално, не беше толку важно што одговорија, туку она што го забележавме. А ние постојано следевме каде е нивниот мобилен телефон “, објаснува Вард.
Испитаниците беа поделени во три групи и беа подложени на различни интелектуални тестови. Разликата беше во работните услови: првата група мораше да ги остави телефоните во втората просторија, на втората група не им беше забрането да ги чуваат во џеб или торба, а на третата група студенти им беше дозволено да ги чуваат телефоните на масата пред нив, но со екранот свртен надолу.
Се разбира, на ниту една група не им беше дозволено да ги користат.
Истражувачите ја следеле количината на работна меморија на сите три групи, т.е. количината на информации на која студентите биле способни да се фокусираат.
Највисока концентрација е забележана кај студентите кои воопшто немале пристап до телефонот, а најниска за оние чии паметни телефони стоеја на масата пред нив. Резултатот од групата која ги чувала телефоните во џеб или торба е близу до резултатот прикажан од група која немала пристап до паметениот уред.
„Мислам дека нема потреба да ги објаснуваме резултатите од студијата - очигледно е: сè додека нашите мозоци гледаат дека имаме паметен телефон пред нас, се чини дека веднаш стануваме глупи. Ова е благодарение на очекувањето дека не мора многу да се „оптеретуваме“, бидејќи сите одговори што се ни требаат ни се секогаш достапни на Интернет“, вели д-р Адријан Вард.
Научниците, по истражувањето, ги прашале студентите што мислат, дали нивниот мобилен телефон влијае на нивното внимание и способности. Се разбира, сите дадоа ист одговор - НЕ!
Ова е индикација дека на психолошко ниво сите ние сме целосно зависни од телефонот, без воопшто да сме свесни за тоа.
"Меѓу другото, дали некогаш сте се сретнале со зависник од дрога или алкохол, кој признава дека има проблем? Не велам дека не треба да се користат мобилни телефони, туку користете ги со дозирање и мудрост. Затоа што кога еден ден ќе сфатите дека мозокот не функционира правилно без него, дека имате помалку меморија и дека ви е се потешко да најдете решенија и одговори на основните прашања – тогаш ќе биде доцна“ - вели психологот Вард.