Како помладо да изгледаат мажите

Луѓето генерално сакаат да изгледаат убаво и младо. Владее мислењето дека жените поминуваат повеќе часови во разубавување отколку мажите. Исто така, се претпоставува дека секоја промена кај жената е проследена и со промена на фризурата, односно дека кога жената сака да промени нешто кај себе тоа најчесто го прави со менување на бојата на косата.

Кај мажите пак се чини дека поинаку стојат работите. Тие се помалку склони кон екпериментирање и истражување кога станува збор за косата. Општо прифатен факт е мажите имаат тенденција да ја носат истата фризура со години, повеќе или помалку прилагодени на актуелните модни трендови.

 Меѓутоа, против времето и знаците на стареење не можат да се изборат ниту жените, ниту мажите, иако сите ќе се сложиме дека за жените тоа е поедноставно и со разни препарати и методи подостапно.

Но, што е со мажите и со нивните проседени коси? Може ли тука да помогнат разните козметички препарати?

Се разбира дека може, особено кога постојат препарати за коса кои се присутни и достапни и кај нас.

Станува збор за посебни фарби за коса од  брендот American Crew кои се специјално дизајнирани за машката коса и влакно. Нивната примарна функција е да ги покријат и обојат седите влакна, давајќи ѝ свеж и здрав изглед на косата. Истовремено, тие ја хранат и негуваат косата на начин кој што помага таа да се одржи во добра состојба подолго време.

  American Crew Precision Blend фарбите за коса се разликуваат од обичните фарби за коса бидејќи тие даваат природен и мат изглед на косата. Палетата на бои нуди четири различни нијанси и тоа: светло руса, природно пепеласта, природна средна кафена и темна кафена. Фарбите за коса American Crew Precision Blend се лесни за употреба иедноставно се нанесуваат на косата откога ќе се помешаат со соодветниот American Crew Precision Blend хидроген. Потребни се само 5 минути за да делуваат и да ги обојат седите влакна во целост. Немаат црвени поттонови, па даваат природен изглед на секоја основа. Нивното дејство е долготрајно, а бојата избледува постепено што ви овозможува навремено да ја освежите тогаш кога тоа ќе биде потребно.

 

Сега може да им кажете збогум на седите влакна.

Целиот асортиман на производи од American Crew www.frizura.mk.