Како Русите го слават Бадник и Божик: Многу интересна традиција
МОСКВА - Во Русија, во деновите на празниците, сите храмови се свечено украсени - во нив или пред нив се прават елки, а во црквата се поставуваат јасли и обично се облагородени со скулптури на Јосиф, Марија и Христос за да им се поклонат верниците.
Во некои храмови, тие се заменети со иконата на раѓањето на Христа, а централен настан е Божиќната литургија. Во исто време, руските семејства практикуваат различни народни обичаи, кои со векови биле пренесувани од генерација на генерација.
Обичај е да се направат сите работи до Божиќ: да се исчисти куќата, да се украсува елката и да се готват различни јадења, кои треба да бидат 12 на масата, бидејќи во христијанството има 12 апостоли и 12 свети денови и свети вечери, од раѓањето на Исус Христос до Водици...
На седми јануари, на масата мора да има многу јадења со месо, и задолжително е или печено прасе или гуска полнета со јаболка. Некои домаќинки подготвуваат и божиќен леб, или Божиќен „агњец“ – печат колач од бисквитно тесто во облик на јагне и посипуваат собел шеќер. Јагнето, Божиќното јагне, ја симболизира жртвата што ја направи Исус Христос…
За богатата Божиќна трпеза, сите домаќинки седат и јадат со благодарност до Христа.
Оние што ја држат традицијата и старите обичаи ставаат пакет од сено или слама под масата, претставувајќи ги јаслите Христов, но и железен предмет, на кој сите што седат на масата ги ставаат своите нозе. Вака луѓето го одржуваат своето здравје во текот на целата година, бидејќи железото симболизира сила и издржливост.
Празничната маса е покриена со бел чаршав, симбол на белата крпа во која Христос е завиткан од раѓањето. Осветлени свеќи се поставени на прозорците - симбол на единство со други луѓе и знак дека вратата на домот е отворена за гостите. Покрај тоа, според верувањето, пламенот на свеќата исто така штити од зли духови.
Во помалите градови се чуваат коледарски обичаи - момчиња и девојчиња одат од куќа до куќа и пеат календарски песни. Според народното верување, чуда се случуваат таа ноќ: небото се отвора, сите води - реки, езера, извори се осветени- болните имаат можност да заздрават, а желбите се исполнети. Подароците исто така се разменуваат, а децата носат носии…
Според старото руско народно верување, ако Божиќ падне во недела или понеделник, тоа ќе биде родна година.
Небото осветлено со ѕвезди на Божиќ е знак дека ќе има добро овошје и бобинки. Забрането е лов, шиење и вршење голема работа на Божиќ, бидејќи се верува дека тоа носи несреќа.
„Свјетки“ - 12 најзабавни денови во годината
Со Божиќ доаѓаат 12-те најрадосни денови во годината – по руски наречени „Свјатки“. Тие траат до Водици, 19 јануари. Тогаш се оди во гости и точносе знае кај кого и кога одите - има ден за посета на свекрвата, мајката, бабата, тетката… Целата работа мора да ја завршиме за половина ден, а остатокот од времето го поминуваме на прослава.
Се верува дека светите денови привлекуваат среќа, па многумина во тоа време гатаат и се вклучуваат во разни магични ритуали: на пример, девојките гледаат во истурениот восок што наводно им открива со кого ќе се омажат…
Сепак, Руската православна црква не поддржува таква традиција и такво разбирање на празникот. Божиќ и „свет ден“ христијаните треба да ги поминат во молитва и во добри дела, велат од Црквата.