Како што во Македонија има живот и љубов, нема никаде на светот: „Балкан бенд“ за новата верзија на „А бре Македонче“
Новата верзија на песната „А бре Македонче“ на „Балкан бенд“ стана вистински хит на социјалните мрежи. Спотот, за кој на промоцијата минатиот месец членовите на бендот рекоа дека е доста скап проект, е еден од најсподелуваните.
На промоцијата која ја водеше Игор Џамбазов, откако премиерно се прикажа спотот, се вееја македонски знамиња, а како специјално изненадување, на кровот на ресторанот „Рагуза“, се појавија навивачите на „Вардар“, Комитите, и запалија факели. Златко Анчевски од „Балкан бенд“ за Женски магзин, раскажа за инспирацијата да се преработи оваа песна и за целиот процес на создавање.
-Како што кажав и на промоцијата, поради она што долго време ни се случува низ годините наназад, како и кај мене така и кај секој еден од нас, тлее нешто од внатре да направиме нешто за оваа земја.Секој во својот домен и своето поле, а нашето поле на борба е музката, нашето оружје е песната,. По долго размислување, одлучивме дека треба да направиме еден ваков чекор и по договор со сите колеги, дојдовме на идеа да ја направие песнава. Оваа песна е конкретна идеја на Јане Рафаиловски и сето тоа дополнето од сите нас и со многу идеи од мене“, рече Анчевски.
Тој вели дека спотот се снимал цели шест месеци, и додава оти овој проект вреди и чини многу.
-Точно е тоа дека вреди и чини многу финансиски можеби и најмногу до сега за еден спот кај нас, но тоа е помалку важната раб отаза спотот. Она што му ја дава вистинската вредност- зошто е најскап е тоа што во овој спот се вложени многу емоции, многу труд, многу внимание, многу почит, многу размислување, а тоа се работи кои немат мерна тежина, тоа се работи кои не ги гледаме со голо око а ги чувствуваме. Ете затоа овој спот е најскап во историјата на Македонија, тврдам одговорно за ова“, ни раскажа Златко од „Балкан бенд“.
Раскажува и како се снимал спотот, со режисерот Даниел Јовески.
-Кога на Даниел му ја пуштив песната да ја слушне во кола, 10 минути по слушањето седеше во кола како препариран.Ме држеше за рака а ја го гледав чудно и му велев цело време: Алоо, ајде човек,што дремеме, да излеземе од автомобилот, а тој седи ли седи као вкочанет. Откако излеговме од автомобил, ме гушна онака силно, и ме држесе гушнат едно минута ипол без да ме пушти, и се чудев во себе,што тоа толку му се случи на човеков што толку го допре...
Целиот текст можете да го прочитате на ЖЕНСКИ МАГАЗИН