Како технологијата го промени светот во последните 50 години?
Слично како и другите големи откритија, технологијата целосно ги промени нашите животи на начини на коишто никогаш не би ги ни замислиле. Благодарение на технологијата, светот денес изгледа многу поразлично – променети се нашата перцепција на реалноста и навиките, а таа ни донесе и неограничени можности. Од ден во ден, сѐ повеќе се потпираме на технологијата, па не ни можеме да го замислиме животот без неа.
Како технологијата го промени начинот како ние ја доживуваме и создаваме уметноста
Апстрактната и дигиталната уметност, различните иновации, новите методи, техниките и трендовите го менуваат светот на културата и уметноста. Воедно, во последните неколку децении уметноста и технологијата се многу повеќе поврзани за разлика од порано. За тоа многу придонесоа паметните телефони.
Телефонските камери постојано се развиваат, нудејќи иновативни функции и подобар квалитет со секој модел. Оваа година, Samsung во склоп на последната А серија, ја создаде првата на светот ротирачка тројна камера од 48 мегапиксели, која не може да се спореди со ниту еден телефон досега. Воедно, благодарение на ноќниот режим, како и другите функции на камерата кои користат надградена реалност, новиот Samsung Note10 е рангиран како еден од најдобрите уреди во однос на квалитетот на фотографијата. Покрај тоа, корисниците со помош револуционерниот S Pen можат далечински да управуваат со камерата и на тој начин да менуваат режими (modes) на работа, како зумирање или промена помеѓу предната и задната камера. Покрај тоа, ќе можат и сегментите од реалниот свет со едно движење да ги претворат во фото или видео запис.
Згора на тоа, новиот Galaxy Tab S6 на Samsung е дизајниран да биде идеален за креативците. Артистката и фотограф, Coco Capitán, миленичка во светот на модата го користи овој уред кој совршено се прилагодува на нејзиниот активен начин на живот. Лесниот и практичен таблет ѝ овозможува во движење да скицира концепти и запишува белешки и без сметања да го забележи сето тоа што ја опкружува.
Овие уреди навистина го променија традиционалното разбирање на фотографијата, кинематографијата и визуелните уметности, овозможувајќи создавањето на уметност да стане многу полесно, а уживањето во неа уште подостапно.
Како технологијата го промени начинот на којшто учиме и пренесуваме знаење
Технолошките достигнувања во целост ги променија некогашните методи на учење во образованието. Порано пронаоѓањето на информација бил долготраен и тежок процес. Меѓутоа, денес технологијата го претвори образованието и информациите да ни се достапни скоро на сите.
На пример, истражувањето на Samsung објавено на IFA 2019 покажува дека 73% од Европејците велат дека телевизијата им ги подобрила нивните вештини, како на пример во случај на учење на странски јазик. Развојот на телевизијата, во поглед на најновите технолошки достигнувања, како 8К резолуцијата, но и на разноликите содржини со висок квалитет, има видливо влијание на многуте аспекти на животите на корисниците, исто и на учењето и креирањето на добри навики.
Покрај телевизијата, сето тоа што им е потребно на луѓето денес за да научат нешто ново и да истражуваат е лаптоп или паметен телефон и добра интернет конекција.
За среќа технолошките компании како Samsung постојано работат на надградување на брзината и пристапноста на нивните мрежи, а резултат на тие напори е последната 5G мрежа, достапна во одредени држави. Благодарение на големата брзина, како и сигурната и стабилна поврзаност, корисниците низ целиот свет можат да пристапат и да го користат интернетот без проблем, воедно и да работат додека се во движење.
Како технологијата ги промени начините на коишто живееме
Низ годините технологијата создаде безброј можности кои целосно го променија начинот на којшто нашите домови функционираат. На пример, со Samsung роботските правосмукалки корисниците ќе бидат во можност да уживаат во денот оставајќи ги нивните „мали помошници“ да се погрижат за чистењето дома. Овие правосмукалки се програмирани на начин на којшто ќе ја пресметаат најефикасната патека достигнувајќи ги местата до кои тешко се пристапува, покривајќи делови кои останатите рачни правосмукалки не ги достигнуваат – под или зад креветот или друг намештај.
Покрај тоа, развиени се низа на кујнски иновации, од кои и оние кои помагаат во намалување на нивото на отпад кој моментално настанува во домот. Во партнерство со Whisk, девелопер на платформа за паметна храна, Samsung произведува апарати коишто имаат интелигентни листи за купување со коишто готвењето прераснува во општествено одговорен проект.
Првите две децении од 21. век се дефинирани по убрзаниот развој на технологијата кој ќе продолжи да се случува и во иднина. Останува да видиме што ќе ни донесе иднината, но едно нешто е сигурно - светот во следните 10-30 години ќе биде многу поразличен за разлика од тој во којшто живееме денес.
Компанијата која е лидер во претставување на иновациите во овие полиња, Samsung Electronics, оваа година ја прославува својата 50 годишнина. Имајќи во предвид дека грижата за корисниците и нивните потреби низ целиот свет се сржта на мисијата и визијата на Samsung од самиот почеток, Samsung одлучи да го прослави овој јубилеј во Македонија донирајќи од сопствените врвни технолошки производи на тие на кои најмногу им треба помош, олеснувајќи им го животот и овозможувајќи им поголема функционалност. Покрај тоа, вработени ќе учествуваат во низа волонтерски активности, давајќи свој личен придонес за локалната заедница.
Како додаток на своите општествено одговорни активности, компанијата својата годишнина ќе ја одбележи со уникатните понуди кои ги подготви за своите корисници, во вид на промоции и врвни сервисни акции.