Како Тито го промени животот на Снежана Ѓуришиќ

„Ми помогна, благодарна сум и на Бога и на претседателот“

Српската легендарна пејачка Снежана Ѓуришиќ која е добро позната со своите песни и на напиве простори зборуваше за многу теми за кои досега не зборувала, па откри детали од минатото како гостин во емисијата „Премиера“.

Знам дека како дете на 11 години пеев на прославата на роденденот на Тито, таа посета ми го олесни животот кога мојата кариера беше доведена во прашање - продолжи пејачката.

- Татко ми не можеше да добие трансфер во Белград, а во Краљево немаше средно музичко училиште за да можам да го посетувам. Потоа, како девојче бев поканета да му ја исечам тортата на Тито, седнав до него и ме праша каде живеам, што прави татко ми,а јас му кажав што сакам- дека татко ми не може да добие трансфер- прекоманда, но веднаш после тоа татко ми доби прекоманда. На татко ми тоа му беше нешто возвишено затоа што беше член на партијата на Тито. Не бев свесна за тежината и сето тоа затоа што бев дете, децата немаат страв. Ама ете, Тито веднаш се јавил, интервенирал и ми помогна да одам на училиште, благодарна сум и на Бога и на претседателот - искрено рече Снежана.

Извор: Телеграф.рс