Каков крал: Ја одби улогата која ја игра Том Круз, поради банална причина
Вуди Харелсон октри дека одбил улога во филмот „Џери Мегваер“, а екипата на социјалните мрежи се заблагодари за тоа, бидејќи малку кој може да се замисли како ја изговара познатите реченици „You complete me“ и „Show me the money“, наместо Том Круз.
Актерот кој неодамна признаа и дека еднаш преживеал „брутална“ вечера со зборлестиот Доналд Трамп па така што среде разговор заминал да запали џоит, му беше понудена улогата на Џери Мегваер, која на Круз му донесе златен глобус и други номинации за оскари.
Во насловот на интервјуто за магазинот Esquire, Харелсон зборуваше за пропустите поради кои жали во кариерата, а еден од нив е токму оваа улога.
„Ми го понудија, како се викаше, оној „Show me the money“, филм? Џери Мегваер? Ми ја понудија неговата улога, а јас му реков на Џим дека на никој нема да му биде грижа за тој агент.
58 - годишниот актер вели дека неговиот прв впечаток за филмот „Зомбиленд“ не бил добар.
„Агентот ми го праќа сценариото и јас велам: 'Зомби, човеку? Дали навистина дојде до тоа', а тој ми вели: 'Сакаш ли само да го прочиташ, те молам?' Конечно го прочитав и си помислив: ова навистина е добро напишано“.