Каков Роналдо и Бекам, кога ги имаме нив: Македонските фудбалери, стилски перфекционисти
Скоро секогаш, многу го цениме сето она туѓо што се пласира од Запад, а нашето од Југ (сега Север) најчесто го плукаме. Плукачка нација сме. Многу фактори, влијанија, политики, сиромаштија влијаеле на тоа…
Високо профилираните личности овде се свесни дека ценењето на своето, какво и да е, во која форма и да доаѓа, а при тоа да е прилично добро, треба да му се даде повеќе на значење.
И ова важи во сите сегменти на нашето општество. На она што е лошо да се укаже, а не да се унакази. Модата и стилот како дел од нашето живеење се до некаде одраз на сето погоре наведено.
Едно е да плукаме ко лами за еден стил без јасно дефинирани ставови, а друго е да дадеме соодветна критика врз база на знаење, со јасно дефинирани ставови.
Некои овде имаат капацитет да бидат со стилот искачени на самиот врв. Дали одредени нешта презеле од стиловите на познатите светски ѕвезди сосема е небитно ако сето тоа го усогладиле умешно и добро им стои. Некој некогаш мора да се учи од некого, а после да си создаде свој моден поглед, и автентичност и посебност, па уште ако тоа резултира со допадливост во очите на другите…
Сега веќе може да се каже дека сме фудбалска нација, а неколку фудбалери, можеби најуспешни во моментов и сите во тимот на македонскста фудбалска репрезентација, имаат исто така и успешен стил на облекување. Тука стилот на Бекам и Роналдо играл голема улога, ама тие се едни од најдобро облечените мажи на планетата.
Овие тројца наши фудбалски репрезентативци се познати во стилилот , секој на свој начин.
Александар Трајковски
По „Цементарница 55“ каде ја започна кариерата, веднаш замина за загрепскиот „Интер Запрешиќ“ па во „Зулте Верегем“ од Белгија. Трансверот беше вртоглави еден милион евра. Потоа премина во „Палермо“ за денес да игра за „РСД Мајорка“. Дел е од македонската фудбалска репрезентација. Има необичен спортско- елегантен стил на облекување. Преферира маица и фармерки и сака да се слика пол гол. Прави многу експерименти со косата, а тетоважите му се заштитен знак.
Горан Пандев
Што и да се каже за гранде Пандев. Нашиот најдобар фудбалер и да нема стил на облекување пак ќе е во центарот на вниманието. Од „Беласица“ замина за „Интер“, па во „Специа“, од таму во „Анкона“, „Лацио“, „Наполи„. Сега е капитен на „Џенова“. Има многу релаксиран стил. Сосема едноставен. Повеќе спортски. Ништо спектакуларно за еден така голем играч. Сака многу часовници и ги има неколку.
Езѓан Алиоски
Како појава е многу впечатлив, а на терен вистински ураган. Од екипата на „Јанг Бојс“, преку „Шафхаузен“, па во „Лугано“, до „Лидс Јунајтед“ за кој игра денес. Тој е македонскиот Бекам, барем во поглед на фризурата. Често ја менува, обоена му е косата, прави впечатливи фризури и секогаш секое влакно му е на место, дури и на терен. Спремен секогаш да биде во центар на внимание. Засега му успева.