Каков срам на популарно летувалиште: Ваков блам не сте виделе-во хотел да се бркаат за лежалки (ВИДЕО)

Целата ситуација е навистина апсурдна, бидејќи иако хотелскиот базен се отвора само во 9, туристите се симнуваат на базен речиси пред изгрејсонце, поточно до 7 часот наутро, за да постават крпи на лежалките и на тој начин да ги резервираат за себе. Потоа се враќаат во своите соби

И додека Србите, Црногорците и Хрватите се расправаат и се жалат на социјалните мрежи за високите цени на крајбрежјето, со посебен акцент на лежалките, Британците летово имаат поинаков проблем. Имено, актуелна тема деновиве во британските медиуми е војната за лежалките и мебелот на плажа во хотелите на шпанскиот брег. Британските туристи се принудени да се караат утро по утро меѓу себе, но и со туристи од друга националност за да го добијат најдоброто можно место.

Кавгата доби меѓународни размери, па германскиот „Билд“, најпознатиот тамошен весник, отворено ги критикува Британците за „срамната трка по лежалки“ во Тенерифе. Друг германски весник „Меркур“ пишува дека потерата по лежалки добила „гротескни карактеристики“.


Од друга страна, британските медиуми јавуваат дека Германците се повеќе од подготвени да се вклучат во војната за лежалки, и да извикуваат „Ги победивме Британците“ кога ќе успеат да заземат подобро позиционирани лежалки.

„Ние плаќаме толку многу пари, а овој хаос ни се случува“

Целата ситуација е навистина апсурдна, бидејќи иако хотелскиот базен се отвора само во 9, туристите се симнуваат на базен речиси пред изгрејсонце, поточно до 7 часот наутро, за да постават крпи на лежалките и на тој начин да ги резервираат за себе. Потоа се враќаат во своите соби. Сите што не го прават тоа, остануваат со празни раце.

Сè ескалира до тој степен што оваа практика е присутна во повеќето хотели на шпанскиот брег, каде главни гости се Британците, Германците и домородните Шпанци.

„Ги поставуваме алармите во 6:30 наутро, стануваме да ги резервираме лежалките со крпи, а потоа се враќаме да спиеме. Ако сакате да бидете во првиот ред, мора да бидете рано“, вели еден Германец. „Тоа е глупаво, досадно и фрустрирачко бидејќи сите плаќаме многу пари за одмор“, вели неговиот сонародник.

Некои хотели сакаа да стават крај на овој хаос, па изградија влез во базенот и почнаа да ги заклучуваат вратите. „Се чини дека тоа не ги спречува британските туристи, бидејќи сега најдоа друг начин како да ја добијат омилената лежалка“, пишува германски „Фокус онлајн“, наведувајќи дека туристите чекаат ред уште во 8.40 часот за обезбедувањето да ја отклучи капијата кога буквално трчаат до посакуваната лежалка.

На сите социјални мрежи кружат видеа од оваа практика, а коментарите се најмногу осудувачки. „Мислев дека ова е шега, но ова е како да ги гледам „Игрите на гладта“, „Каков куп страдалници“, „Патетично и грозно“, „Апсолутни губитници“, „Колку се бесрамни“, „Ми се гади од гледајќи го ова“, „Ова не е одмор, ова е ноќна мора“, се само дел од забелешките.


Foto: Printscreen