Тренд // Стил
Каков стил, боли глава: Најдобриот машки трендсетер во светот

Овој поранешен модел учествуваше во кампањи за Кавали, Долче и Габана и Гучи, пред да го започне својот личен бренд, МДВ Стил. Мариано Диваио го сметаат за еден од најубавите мажи на светот. Оженет е има три деца.
Така добро се облекува, што и светските модни куќи му симнуваат капа. Италијанецот неверојано комбинира секакви стилови, а осетот за мода го наследил од неговата мајка. Постојано е во друштво на светски ѕвезди, а често го земаат во рекламни кампањи. Модата му е најголемата забава, но и професија и одлично заработува од презентирањето парчиња на Инстаграм.
