„Каков заводник“: На Новак во Париз му пријде холивудската ѕвезда, а за неговиот потег зборува цел свет (ВИДЕО)
Новак Ѓоковиќ присуствуваше на гала вечерта со сопругата Јелена по повод почетокот на Олимписките игри.
На само неколку часа пред почетокот на Олимписките игри на престижната манифестација пристигнаа светски познати личности.
Големо внимание привлече случајната средба на Новак и светската актерска сензација Зендаја.
Zendaya preemptively apologising for the tennis skills in Challengers and Djokovic graciously saying “No, it’s great. I love the moves” pic.twitter.com/HJaXTNk84z
— Ara (@lefilmara) July 25, 2024
Актерката и пејачка на влезот ги сретна Ноле и Јелена и срдечно ги поздрави. Сето ова е снимено и видеото стана вирално.
На Инстаграм профилот „voguefrance“ се појави видео од нивната средба, а таа го пофали Новак за џентлменскиот гест.
- Зендаја налета на Новак на пат кон настан во Фондацијата Луј Витон, и погодете што? Првото нешто што направи професионалецот е и честиташе на актерката за улогата на тенисерка во филмот „Челинџери“ – напишаа под објавата.
Корисниците на социјалните мрежи не останале имуни на овој гест на тенисерот.
„Новак е вистински господин“, „Зендаја е убава“, „Ѓоковиќ е козата“, „Каков шмеќер е“, „Господин“, „Јелена, каква дама“, се само дел од многуте коментари под пост.
Извор: Кurir.rs