Тренд // Стил
Каква доминација: Кожените јакни од брендот Александар Меквин
Моментално, еден од најголемите светски трендови е носењето кожени палта. Доминираат оние со кроеви од 70- те и 80- те години надополнети со духот на современото живеење.
Луксузниот бренд Алесандар Меквин е познат и по машките јакни од кожа кои ги создава до совршенство. Многу е скапи! Цената им се движи од 900 до 3.000 евра. Некои јакни достигнувааг цена и до 7.000 евра, во зависност од употребуваната кожа и изработката. Најчесто, за најскапите парчиња, изработката е целосно рачна.
Најновите кожени јакни на брендот не содржат многу воочливи детали, што не беше слчај во неговите претходни колекции. Имаат чисти линии, претечно се кратки, а како моден додаток имаат единствено метален патент и крзно.