Какви часовници носат едни од најпознатите тенисери на светот?
Овој пат, ви ги откриваме часовниците кои ги носат најславните ѕвезди на тенисот, а кои имавме прилика да ги гледаме на теренот.
1.Рафаел Надал - Richard Mille RM27-03 – 685.000 долари
Врската помеѓу швајцарскиот луксузен бренд и Рафаел Надал трае од 2010 година, а шпанската спортска сензација често може да се види со овој модел, носејќи го на раката. Минатата година, познатиот тенисер носеше ексклузивен модел на часовник кој тежеше само 20 грами. Само 50 примероци се произведени од истиот.
2.Серена Вилијамс - Audemars Piguet Royal Oak Offshore – 56.000 долари
Американската тениска суперѕвезда е забележана со уникатната верзија „Audemars Piguet Royal Oak Offshore Quartz“, во комбинација од злато и дијаманти.
3.Новак Ѓоковиќ - Seiko Astron GPS Solar Dual-Time – 1.680 долари
Специјално издание „Astron GPS Solar Dual-Time“, кое поседува куќиште од нерѓосувачки челик со облога од розе злато и црна керамичка база.
4.Енди Мареј - Rado Hyperchrome Automatic Chronograph Match Point – 4.200 долари
Често е забележан со „Rado Hyperchrome XXL“ моделот на својата рака.
5.Марија Шарапова - TAG Heuer Formula 1 Lady – 3.559 долари
Ги носи моделите „TAG Heuer Aquaracer“ и „TAG Heuer Formula 1 Lady“.
6.Стен Вавринка - Audemars Piguet Royal Oak Shore Diver – 22.500 долари
Швајцарската ѕвезда на тенисот често може да се види со неговиот „Diver“ хоронограф на раката, а воедно беше дел и од нивната ексклузивна маркетиншка кампања.
7.Александер Зверев – Richard Mille RM 67-02 Alexander Zverev Edition – 131.000 долари
Ричард Мил се дружеше со Зверев во 2016 година, кога му го подари специјалното издание од моделот„RM 67-02“, кој тежи само 32 грама
8.Каролина Возњацки - Rolex Daytona – 142.250 долари
Данската ѕвезда на тенисот соработува со Rolex брендот од 2010 година, а често можеме да ја видиме со „Rolex Platinum Daytona“ моделот на раката. Нејзиниот часовник е украсен со дијаманти.
9.Доминик Тијем - Rolex Daytona Chronograph – 17.500 долари
Често нарекуван потенцијалниот наследник на Надал, Доминик е фан на Rolex брендот и често го носи својот челично-керамички часовник со црни стрелки.