Какви мажи се кријат позади мк. порталите: Тројцата стилски фраери со стил на висока нога

Има порталчиња и портали, мажи и мажишта. Овие тројца во своја сопственост имаат реномирани македонски портали- медиуми, а патем се и стилски перфекционисти. Ние ќе се задржиме на стилот затоа што токму од нив можеме многу да научиме. Бескомпромисни се во тоа што го сакаат во поглед на облекувањето, сакаат да патуваат, да уживаат во хедонистички нешта, а пред се да бидат лидери и секогаш во коректен однос со вработените.

Кои се тие?

Александар Манев- Фактор, Женски Магазин, Машки магазин, Хаштаг

За него не постои зборот „не можам“. Секаде каде што оди е со врвен стил. Иако смета дека е конзервативен во облекувањето сепак знае како да ги распореди деталите и да не биде досаден. Преферира строг изглед кој сепак е „ублажен“ со спортски елементи на моменти, а веќе во следните моменти ќе го видите во беспрекорна елегација и задолжително чевли кои не може, а да не бидат забележани. Хедонист по природа. Често шета надвор од земјата на лускузни дестинации и таму го ужива само најдоброто.

Марко Костадиновски- Фрајдеј

Спортско- елегантен со доза на уникатност која не се срами да ја покаже. Знае во секоја пригода да биде различен, а сепак да не отскокнува, туку да остави впечаток. Многу внимателен кон деталите- мора да бидат необични и екстравагантни, па марамчето во џебот на сакото допринесува за шлагот на неговиот изглед. Секако- и пурата. На патувања бира интересни дестинации, а добро му стојат возења со бродови.

Дарко Лазаревски- Кајгана

Тој е вистински хедонист. Спортува, шета, ужива во храна. Сака добри чевли и часовници. Секако, и добри автомобили. Неговиот стил е камелеонски, на моменти целосно спортски, а во други, зависно од пригодата, ќе го видите во беспрекорна елеганција. Дури и велосипедот му е стиски. Сака кога нештата се квалитетни и одмерени, а сето тоа зачинето со доза на лична автетичност.

Н.Т.