Нашиот најдобар кошаркар и Претседател на кошаркарската
федерација на Македонија, Перо Антиќ дури и кога подарува, тоа мора да биде со
висок стил.
На својот Инстаграм профил објави неколку фотографии од патики кои ги подари на драг пријател.
Но овие обувки не се обични. Целосно рачно се исцртани со ликови од цртаната серија Симпсонови, потпис на Антиќ и името на пријателот Горан Мичиќ на кој ги подари. Овие патики се уникатни и единствени, а македонското студио кое изработува вакви и слични е познато по необичноста на сликовитиот дезен.
Погледнете какви се: