Какви се Македонките преку очите на Србите: Амазонки од највисок степен
Бидејќи многу читатели на еден српски сајт им пишувале дека сакаат да слушнат нешто за македонските жени, еве како им ги претставиле:
„Македонките се вредни жени со долга традиција на ткаење облека, можеме да забележиме дека тие често пати носат плетени работи, ама како и сите останати девојки носат хеланки, неизбежни во нивната облека. Дамите во Македонија се облекуваат претежно пристојно, културно и практично, со мали исклучоци. Тие се по принцип храбри, не се впуштаат лесно во врска па и во брак, претежно се паметни и имаат свои ставови по многу нешта. Не се предаваат така лесно! Ама продолжуваат да „паѓаат“ на белграѓаните. Дури 67% изјавиле дека за нив се неодоливи момците од српската престолнина.
Ако не сте добри во љубовта, македонската жена нема да ве спаси, сами теба да си се спасите. Таа може да биде амазонки од највисок степен и ако ја изневерувате, ќе си го добиете заслуженото. Не си играјте, на крајот на краиштата, овие девојки се полни со искуство…
Што е најважно за да ја освоите на трпеза:
Грав тетовац (тоа е тој бел грав, со големо зрно), малку поголем кромид, затоа што мора да се почувствува вкусот... Сланина, најдобро домашна, домати задолжително, задолжително вино и зборувајте и... сака многу да слуша но и да зборува до бескрај...“