Какво трио: Ферус, Илми и Ферчо Мустафов снимиле заедничко оро, спотот се сними пред неколку дена во Србија!
Пред неколку месеци како гром од ведро небо
беше информацијата дека од овој свет си замина легендарниот виртуоз на
саксафон, најдобриот на овие простори – Кралот Ферус Мустафов.
Тоа како да не беше доволна трагедија во семејството Мустафов, па по неколку месеци од смртта на Ферус, почина и неговиот син Илми Мустафов.
Најмногу овие трагедии го погодија внукот на Ферус, односно синот на Илми, Ферчо Мустафов, кој е нивниот наследник и според многумина, единствениот кој може да го замени кралот на саксафонот.
Инаку Ферчо уште пред смртта на Ферус и Илми се пресели во Србија, каде живее и соработува со најголемите тамошни ѕвезди како Цеца и многу други.
Младиот музичар пред неколку дена го заврши снимањето на видеоспотот за заедничкото оро кое го создале токму тој, татко му и дедо му Ферус.
Како што вели тој, за жал во спотот се појавува само тој, иако планот било и видеото да го снимаат тројцата, но судбината одлучила да биде поинаку...
„Пред два дена го завршивме снимањето на видеоспотот за орото кое го работевме заедно со дедо ми и татко ми. Поради ситуацијата што се случи, спотот го снимав сам. Тој ќе биде готов за дваесетина дена од сега, па публиката ќе има прилика да го види и слушне она што го создадовме со дедо ми Ферус и татко ми Илми“ – вели младиот виртуоз Ферчо.
Инаку како што напоменавме, Ферчо живее и работи во Белград, каде соработува со најголемите ѕвезди, а полека, но сигурно тој станува еден од најбараните дувачи на овие простори.