Какво значење се крие во најпознатите тетоважи на криминалците?
Сигурни сме дека досега 1000 пати сте ги виделе овие тетоважи, но дали навистина знаете кое е нивното значење?
Луѓето кои се движат во светот на криминалот ги користат тетоважите како еден вид порака и обележје, со кое покажуваат што имаат направено во својот живот и во што точно веруваат. Тетоважите за нив значат, исто како медалот на војникот, тие се гордеат и фалат со нив.
Затоа во продолжение, ви ги објаснуваме најпопуларните тетоважи кои се носат во светот на криминалците.
1. Солза
Солза на окото означува дека таа личност убила некого.
2. Кои Шаран
Кои Шаран е обележје на Јакуза, јапонска мафија и во Јапонија никој не смее да си направи ваква тетоважа, освен ако не е припадник на мафијата.
3. Бодликава жица
Бодликавата жица означува дека личноста била во затвор и дека била осудувана.
4. Крст на градите
Оваа тетоважа е многу популарна во Русија и обично ја ставаат само најопасните криминалци кои ги сториле најстрашните злодела, па ова го гледаат како единствен начин да се поврзат со Бога и да се покаат за своите гревови.
5. Пајакова мрежа
Пајаковата мрежа означува дека личноста била во затвор долг временски период, а исто така може да значи и дека таа личност е дел од некое здружување или банда.
6. Три точки
Трите точки ја симболизираат реченицата „мојот луд живот“ и обично оваа тетоважа ја ставаат личности кои поминале многу низ животот.