Калин Ивановски си гази на Вимблдон, осминафинале за нашиот тенисер на најпрестижниот турнир во светот

Калин Ивановски импресионираше на Вимблдон каде обезбеди осминафинале, го совлада 11-от носител, Родриго Пачеко Мендез од Мексико со 6-1, 6-2, мечот траеше 64 минути.

Најдобриот македонски тенисер го повтори успехот од лани на најпрестижниот турнир во јуниорска конкуренција, сега сака чекор напред, во следното коло ќе игра со подобриот од дуелот Едас Бутвилас – Озан Чолак.